Установата се наоѓа на улица:„Даме Груев“ бр.3, како организацијата за згрижување и воспитание на деца– започнува со работа во1977 година, основана како Работна Организација чија главна цел било згрижување на деца од предучилишна возраст.
За организирање на воспитанието и образованието на децата од предучилишна возраст и за остварување на општите цели на воспитанието и образованието од 15.03.1982 год. од страна на Општинската Самоуправна Заедница (ОСЗ)- Берово, организацијата е основана како Комбинирана Детска Установа “7 Септември”- Пехчево. Потоа добива нов назив Општинска Јавна Установа за деца Детска градинка “7 Септември”, или кратенка ОЈУДГ “7 Септември”, бидејќи на 25.01.2006 год. го променува основачот ,а тоа е Општина Пехчево.
Нашиот град Пехчево припаѓа во Источно планскиот регион, со околу 4000 жители, од кои поголем дел се во градот, а останатите се населени во 5 села: Чифлик, Умлена, Робово, Црник и Панчарево. Во регионот граничиме со две соседни општини Берово, со оддалеченост од 10км и Делчево – 30км. Доминантна дејност на населението е дрвната индустрија, сточарство, земјоделство и локален туризам. Значајни историски места се: локалитет Св.„Петка“, „Вртена скала“. Значајно за унапредување на образованието е постоењето и работењето на Едукативниот центар за зачувување на природата, во с.Негрево, во чиј склоп е и Патеката на Петко, преку која се стигнува до Јудови Ливади каде се наоѓа ендемското инсектојадно растение „Муволовка“ (Drosera Rotundifolia).
Во близина на Градинката се наоѓа Основното училиште „Ванчо Китанов“ и дисперзирани паралелки од Гимназијата „Ацо Русковски“ Берово.