„7Септември“ доби награда за Најдобар еТвиннинг проект
Categories :
ОЈУДГ„7Септември“-Пехчево доби награда за Најдобар еТвиннинг проект (See earth like an astronaut) од категорија предучилишно образование. Проектот се работеше со партнери од Португалија, Грција, Малта и Р.С. Македонија.
Голема благодарност до ETwinning North Macedonia и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност за организираниот настан во Битола.
Благодарност до воспитниот кадар, децата, партнерите и до
Директорката Васка Симовска која го водеше проектот.
Сите имавме прекрасна соработка се стекнавме со нови знаења и разменивме искуства во работата со децата.




