Дејност на дневна социјална заштита на деца
ОЈУДГ„7 Септември“ – Пехчево организира и спроведува програми за нега, згрижување, воспитување, образување и исхрана на децата. Раното учење и развој се одвива во согласност со развојните особини и потребите на децата, како и социјалните, културните и други потреби на родителите, врз основа на Стандарди за рано учење и развој на децата од 9 месеци до 6 години, исто и од 6-10 години.

Целокупните воспитно-образовни активности во предучилишното воспитание се насочени кон почитување и задоволување на потребите, интересите и можностите на секое дете.
Развојот претставува процес на промена, кој настанува како резултат на почитување на индивидуалните карактеристики на детето, следење на неговите внатрешни сили и природниот развој во кој детето ги зголемува и ги зајакнува вештините за движење, размислување, чувствување, зборување.
Холистичкиот пристап, на кој се базира развојот и учењето на детето од предучилишна возраст се однесува на обезбедување на безбедна и сигурна околина за учење и развој, зајакнување на развојната подготвеност за училиште, како и формирање на правилни навики за заштита на здравјето на детето.
Мисија:
7 –ката добивка е наша
Секое дете добива
Емоционална сигурност
Партнерски однос со родителите градиме
Темел на здрава и квалитетна иднина
Едукација на сите нас
Многу игри, песни и доживувања
Воспитуваме, негуваме, образуваме
Различностите ги прифаќаме
И креативност и современи трендови почитуваме, со тоа слобода во изразување поттикнуваме.
Визија:
Прифаќање на курикулумот – Европска рамка за квалитет во Предучилишното Образование Воспитание и Згрижување. Спроведување на педагошки цели, вредности и пристапи кои им овозможуваат на децата да го постигнат својот целосен потенцијал преку поттикнување на нивниот социјален, емоционален, когнитивен и физички развој и нивната благосостојба. Спроведување на принципите на усовршување на Раниот детски развој како основа на нашиот професионален успех. Градење партнерски однос со родителите,локалната самоуправа и пошироката заедница
- ЛИЧНА КАРТА НА УСТАНОВАТА
ИСТОРИЈАТ
Установата се наоѓа на улица:„Даме Груев“ бр.3, како организацијата за згрижување и воспитание на деца– започнува со работа во1977 година, основана како Работна Организација чија главна цел било згрижување на деца од предучилишна возраст.
За организирање на воспитанието и образованието на децата од предучилишна возраст и за остварување на општите цели на воспитанието и образованието од 15.03.1982 год. од страна на Општинската Самоуправна Заедница (ОСЗ)- Берово, организацијата е основана како Комбинирана Детска Установа “7 Септември”- Пехчево. Потоа добива нов назив Општинска Јавна Установа за деца Детска градинка “7 Септември”, или кратенка ОЈУДГ “7 Септември”, бидејќи на 25.01.2006 год. го променува основачот , а тоа е Општина Пехчево.
Нашиот град Пехчево припаѓа во Источно планскиот регион, со околу 4000 жители, од кои поголем дел се во градот, а останатите се населени во 5 села: Чифлик, Умлена, Робово, Црник и Панчарево. Во регионот граничиме со две соседни општини Берово, со оддалеченост од 10км и Делчево – 30км. Доминантна дејност на населението е дрвната индустрија, сточарство, земјоделство и локален туризам. Значајни историски места се: локалитет Св.„Петка“, „Вртена скала“. Значајно за унапредување на образованието е постоењето и работењето на Едукативниот центар за зачувување на природата, во с.Негрево, во чиј склоп е и Патеката на Петко, преку која се стигнува до Јудови Ливади каде се наоѓа ендемското инсектојадно растение „Муволовка“ (Drosera Rotundifolia).

Во близина на Градинката се наоѓа Основното училиште „Ванчо Китанов“ и дисперзирани паралелки од Гимназијата „Ацо Русковски“ Берово.
МЕСТОПОЛОЖБА– Својата дејност ОЈУДГ “7 Септември” до денес ја остварува на улица Даме Груев, број 3 во еден објект, но и во други просторни улови во населените места Робово, Чифлик, Панчарево и Црник.
Телефон 033/441-331
Фах 033/441-331
Емаил: detskagradinkapehcevo@yahoo.com
Објектот е наменски изграден и е со вкупна површина 2389 m², а со капацитет од 93 деца. Дворната површина е озеленета и хортикултурно уредена, со цветни алеи и патеки, како и слободен простор за игра на децата, богат со детска опрема и играчки (лулашки, клацкалки). Во институцијата редовно вработени се 28 лица. Со запишани 96 деца во 2021/22, за 2022/23 се предвидува да се запишат уште 10 деца.
ЗАЛОЖБИ НА ГРАДИНКАТА-

Реализираме воспитно-образовна дејност
Активности во современи услови
Борба со сите предизвици
Организираност во сите сегменти
Тимска работа
Ангажираност на родителите